Производител Phleiderer - Германија
Опис

Огноотпорна иверка P2 Pyroex B1

Иверка која ја редуцира експанзијата на огнот, таа ги содржи сите квалитети кои ги поседува стандардната иверка (цврстина, долготрајност, лесна за обработка и широк избор на декоративни облоги како завршни слоеви) со додатна безбедност во случај на изложеност на оган. Преку додатоците за огноотпорност, брзината на горење на иверката е редуцирана, а со тоа значително е зголемена отпорноста кон оган како и одложување на процесот на ширење на огнот.

Примена

Примарните полиња на употреба се во опремување на просторот и изработката на мебел во простории каде постои висок ризик од оган (лаборатории, бензински пумпи, ТВ станици и сл.)