Производител Kronospan - Германија
Опис Совршената подлога за Вашиот ламинатен под

Во зависност од поставеноста на Вашата соба, при монтирањето на ламинатниот под мора да се води сметка за вистинската подлога. Различните барања во врска со топлинската изолација, како и намалување на звукот при одење бараат поставување на вистинската подлога.

Кога ќе купите изолација на Krono Original®, избирате разновиден и издржлив паркет и ламинатна подлога. Материјалот на подлогите на Krono Original® се оптимизирани преку широка серија на лабораториски тестови да се добие висока и трајна звучна изолација при удар и одење. Практичната имплементација на овие издржливи подлоги покажа дека имаат одлични преформанси во ситуации на типична употреба.

Сите подлоги на Krono Original® не содржат CFC, можете лесно да ги отстраните преку Вашиот домашен отпад, може да се рециклираат, не ги загадуваат природните води и не се штетни. Долниот дел на подлогата е компатабилен со битуменот, ПВЦ-то, линолеумот, цементот, природните и вештачките смоли, како и магнезитот.

PE 2.0, 3.0, 5.0
Полиетиленска пена

Полиетиленската пена е најефтината опција за да се употреби како подлога за ламинатните подови. Има средни ударни и термални инсулирачки својства. Бидејќи е толку тенка, 2 милиметарската пенова подлога е идеалена за употреба во проекти при реновирање.

XPS 2.0, 3.0, 5.0
Екструдиран полистирол

Високопресуван екструдиран полистирол, одлична термо-звучна изолација и висока отпорност на удари. Може да нивелира нерамнини до 5 мм.

PuR 2.0
Полиуретан со минерални исполни

Оваа професионална акустична подлога се состои од полиуретан и минерални исполни. Исклучителна апсорбција на звукот при одење (18%), минимална термичка отпорност и вградена отпорност на влага.

Шифра Материјал Димензија Намалување
на звук при
удар
Намалување
на звук при
чекорење
Термална отпорност Нерамен под Цена на цела димензија
PE 2.0 Полиетиленска пена 15000 х 1000 х 2 16 dB - 0.044 m²K/W 1 mm 246.00 ден.
PE 2.0 Полиетиленска пена 18000 х 1000 х 2 16 dB - 0.044 m²K/W 1 mm 670.00 ден.
PE 3.0 Полиетиленска пена 15000 х 1000 х 3 16 dB - 0.044 m²K/W 1.5 mm 394.00 ден.
PE 5.0 Полиетиленска пена 15000 х 1000 х 5 16 dB - 0.055 m²K/W 2.5 mm 853.00 ден.
PE 5.0 Полиетиленска пена 18000 х 1000 х 5 16 dB - 0.055 m²K/W 2.5 mm 1,280 ден.
XPS 2.0 Екструдиран полистирол 11360 х 1100 х 2 20 dB 12% 0.068 m²K/W 1.4 mm 820.00 ден.
XPS 3.0 Екструдиран полистирол 1000 х 500 х 3
10 ком./пакет
20 dB 11% 0.108 m²K/W 2.2 mm Нема на залиха
XPS 5.0 Екструдиран полистирол 790 х 590 х 5
15 ком./пакет
22 dB 11% 0.215 m²K/W 4 mm 743.00 ден.
PuR 2.0 Полиуретан со минерални исполни 8020 х 935 х 2 18 dB 18% 0.030 m²K/W - 2,460 ден.