Производители Thermopal, Duropal (Групација Pfleiderer), Dekodur
Опис

Составот на декоративните ХПЛ фолии е хартиени листови кои се импрегнирани со синтетски смоли, соединети под висок притисок и високи температури. Тие ги исполнуваат барањата за хигиена, отпорност на оган , отпорност на влага и голем број на механички квалитети како тврдост и отпорност на абење, удари и гребење, што ги прави да бидат долготрајни, лесно одржливи и отпорни на надворешни влијанија.

Задната страна на фолиите е дизајнирана да овозможи подобар контакт и врска со подлогата на која се аплицира. Како подлога може да се користат сите дрвни репро материјали, метални површини, пенести плочи и сл. Треба да се напомене дека кај дрвените репро материјали обложувањето треба да е двострано за да не дојде до искривување на добиените композитни плочи.

Нанесени на одредена подлога овие материјали имаат широка примена во индивидуалното домување, јавни и комерцијални објекти, при изработка на мебел и завршните фази во ентериерното уредување.

Предности

Хигиенски, Долготрајни, Цврсти, Отпорни на удар, гребнатини и абразија, Отпорност на хемикалии и водена пареа.

Примена

Производство на мебел, Завршни фази во ентериерното уредување во индивидуални и јавни објекти, Декоративни ѕидни облоги.

Thermopal Designers' CollectionDuropal LOOK!Duropal HPLDekodur