Новости
ВИТРИНА има чест да Ве покани на свеченото отварање на овогодинешната” Недела на дизјан во Скопје” на 1октомври 2013 во 20 часот во Куршумли ан.
Настанот е отворен за посетители секој ден ,од 1 до 6 Октомври 2013 год. во Куршумли Ан. почнувајки од 10:00часот па се до 00:00 часот.
Оваа година ВИТРИНА покрај Изложбениот дел,организира и едукативна работилница за Експириментален Дизајн на продукти- дизајн на површини, во соработка со Швајцарските дизајнери Кристоф Шиндлер и Маргарита Салмерон Еспиноса.
Работилницата ќе се одржи од 1 до 4 Октомври ,во просториите на Витрина и Солопром, а финалниот производ од работилницата ќе биде прикажан во текот на официјална презентација на 5 Октомври во 16:00 часот во атриумот на Куршумли Ан.